Екипата на Прилеп загуби од фаворитот Металург со 33:24, на полувреме се замина со 13:11.
И покрај големата разлика во резултат Прилеп видно го намачи Металург посебно во првото полувреме кога се играше гол за гол.
Борбената игра и желбата за надигрување го красеа Прилеп низ целиот тек на натпреварот, но искуството кое го има целата екипа на Металург и големиот број на технички грешки и промашувања на нашиот тим го реши овај натпревар.
И покрај овај пораз ракометарите на Прилеп остануваат мотивирани и најавуваат уште поголема желба и борба за победа во наредниот натпревар, кој ќе се одигра утре во 19:15 ротив екипата на Еурофарм Пелистер.
На турнирот во Струга, РК Прилеп има една победа и еден пораз, откако вчера го победи домаќинот на турнирот.