Aргентина требаше да ја одигра последната подготвителна утакмица пред почетокот на Светското првенство во Русија и тоа против Израел, меѓутоа, мечот на барање на самите играчи е откажан.
Главна улога во целата оваа приказна имал, за многумина најдобриот фудбалер во светот, Лиеонел Меси, кој во разговор за ТyC Sport изјавил:
“Како амбасадот на УНИЦЕФ, не можам да играм фудбал против луѓето кои убиваат недолжни палестински деца. Поради тоа моравме да ја откажеме утакмицата затоа што ние сме сепак луѓе, пред фудбалери”.
Oваа вест ја потврдил и Гонзало Игуаин, кој рекол дека целата соблекувална застанала зад Меси и соиграчите ја прифатиле оваа одлука.
“Одлуката е донесена, а цел ден беше неизвесно дали ќе играме или не, ќе патуваме или не. Маскерано, јас и сите соиграчи дефинитивно се сложивме да одбијаме да играме кога Меси не праша како можеме со мирна совест да играме фудбал, кога толку луѓе и деца патат во Палестина”.