Meси со мајсторија каква ретко се гледа, му донесе прв голем успех на Интер Мајами, а тој стана фудбалер со најголем број освоени трофеи во историјата (ВИДЕО)

Лионел Меси го одведе Интер Мајами до првиот клупски трофеј во историјата, откако неговата екипа славеше против Нешвил во финалето на регионалниот Лига куп.

Во седум натпревари за Мајами, Аргентинецот погоди дури 10 пати, а погодокот од синоќа е вистинска мајсторија, каква ретко се гледа било каде во светот.

Меси му донесе рано водство на Интер Мајами во 24. минута, а беше прецизен и во пенал рулетот, откако натпреварот заврши 1:1 во регуларните 90 минути.

При кревањето на трофејот Меси направи уште еден убав потег и уште еднаш ја покажа својата големина, откако наместо да го крене тој, трофејот му го даде на Једлин.

Овој Лигс куп е прв трофеј за Меси во дресот на Интер, а со него стигна до бројката од 44 освоени трофеи во кариерата, со што го собори рекордот на Дани Алвес (43) и стана најтрофејниот фудбалер во историјата.

Сите интересни моменти од натпреварот во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.