Екипата на Рома синоќа го направи она што фудбалскиот свет ретко го памети. Да се вратиш на резултат од прв меч со три гола негатива, и сето тоа против моќната Барселона, е навистина огромен успех.
Фудбалерите на римската “волчица” го направија токму тоа. Откако загубија во Шпанија со 4:1, синоќа во Рим успеаа да слават со 3:0 и да се пласираат во полуфиналето на Лигата на шампиони.
Она што го забележаа камерите на “ЕСПН” после последниот свиреж на судијата беше реакцијата на најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, кој не им честиташе на противничките фудбалери и го напушти теренот упатувајќи се кон соблекувалните.
Навистина срамно и себично за фудбалер од таков калибар…