“Meдена земја” три дена во киното “Мис Стон” во Прилеп

На 5 февруари 2020 (среда), 6-ти (четврток) и седми февруари (петок) од 19.00 часот во кино Мис Стон повторно погледнете го „Медена земја“, првиот документарец во историјата на Оскарите кој покрај тоа што е номиниран во категоријата за најдобар документарец е номиниран и за златната статуетка за најдобар странски филм.
Влезниците за филмот по 100 денари ќе се продаваат два часа пред почетокот на проекциите, односно од 17.00 до 19.00 часот.

„Медена земја“ е документарец кој прв пат во светската филмска кинематографија добива две номинации во иста година за наградите на Академијата. Исто така филмот деновиве ја доби и најважната награда за кинематографија ASC од американската асоцијација на кинаметографери.

„Земи половина од медот, половина остави за пчелите.“

По ова правило за баланс со природата се води Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Но, кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата.
Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената!

Времетраење 85 мин.

Режисери: Љубомир Стефанов и Тамара Котевска:

Протагонисти: Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сем, Љутвие Сем, Музафер Сем

Жанр: Документарен




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.