Македонците во Камбера вчера одржаа масовен протест за зачувување на државното име на Република Македонија, јазикот и националниот идентитет.
На протестот на кој имаше огромна заинтересираност од нашинците во Австралија, беше побарано прекинување на преговорите за промена на уставното име на нашата држава и беа осудени антидржавните политики на актуелната власт.
Македонците од Австралија побараа и повлекување на Законот за двојазичност и ослободување на притворените за настаните во македонското Собрание на 27 април минатата година.
На протестот беа истакнати бројни пароли, а учесниците како река се дижеа низ главниот град на Австралија.
Ова се највпечатливите фотографии од овој масовен собир на нашинците во оваа прекуокеанска земја: