Прилепчани вчера го запишаа и седмиот триумф од исто толку одиграни натпревари. На гостувањето кај Хераклеа во Битола, Мега баскет триумфираше со 72:77 и го забетонираа лидерството на табелата со максимални 14 освоени бода.
Mладата екипа на Мега баскет имаше и поголемо водство од крајниот резултат во текот на натпреварот.
Во наредното, а воедно и последно есенско коло, прилепчани, во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, ќе го дочекаат тимот на Љуботен.