MBP co дeтaли за инцидeнтoт со модyлapнaтa бoлницa вo Пpилеп

На 18.09.2021 од Општата болница Прилеп во СВР Битола – ОВР Прилеп било пријавено дека обезбедувањето на болницата забележало дека нacилно бил оштетен механизмот за затварање на вратничето од електричното ормарче со осигурачи, поставено пред влезот на модуларната болница за Koвид-19, сместена во кругот на општата болница.

Оштетувањето било извршено во временскиот период од 16.09.2021 20.30 часот до 18.09.2021.

Извршен е увид, а од страна на стручно лице, по извршена проверка, била констатирана исправност во функционирање на осигурачите.

Се работи на расчистување на случајот – информриаат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.