Maрјан Ристески: Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица! (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Поранешниот градоначалник на општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Марјан Ристески, за денешниот празник Успение на Пресвета Богородица, беше домаќин кај крстот во населеното место Тополчани.

Голем број верници и добронамерници присуствуваа на одбележувањето на празникот, каде покрај Светата литургија, се служеше и ручек.

Местото кај крстот во Тополчани датираа од Втората светска војна, кога од сега непознати причини, на тоа место бил поствен камен крст, кој и денеска стои.

Новиот метален крст пред 4 години на овој ден го подигнал Миле Петанчески, а од тогаш секоја година за празникот тука се собираат верници и се молат за милост и наклонетост кон мајката Божја.

“Ви посакувам многу здравје, среќа, мир и благосостојба! Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица! За многу години!Бог да ни ја чува Македонија”, напиша на својот Фејсбук профил Ристески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.