Maрјан Радески: Подготвени сме за големи резултати

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година утре во Киев го игра натпреварот против Украина од квалификациите за Европското првенство. Играчот од нападот Марјан Радески очекува добар настап на „црвено-жолтите“.

 

radeski-640x294

Македонија „брка“ позитивен резултат за задржување на шансите за пласман на ЕП.

– Украина е многу силна репрезентација, ова ќе биде тежок испит за сите нас, но се надевам дека ќе го поминеме. Во овие квалификации покажавме квалитет, нашата група на играчи е силна, го имаме и потребниот спокој и се што сакаме е да продолжиме да играме како и досега. Како и да заврши овој натпревар, продолжуваме понатаму, ние сме репрезентација која е подготвена за големи работи, а така ќе се однесуваме и утре на натпреварот, изјави напаѓачот Марјан Радески.

Натпреварот ќе се игра на стадионот „Валери Лобановски“ со почеток во 17 часот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.