Со искачување до врвот Тапанче на Марковите Кули, велосипедистите од здружението “Маркови точакџии” ја започнаа новата сезона за возење.
Членовите на ова здружение се едни од најактивните велосипедисти и промотори на возењето велосипед. Нивните членови во неколку наврати направија извонредни подвизи, возејќи стотици километри до Истанбул, Солун, Кавала, Воден, Лерин…. и до голем број други места ширум и надвор од државата.
ФОТО: Андреј Ристески