Maријана Петир распали по ЕУ за Македонија: “Maкедонија е заложник на неразумната политика на ЕУ” (ВИДЕО)

На мини пленеарната седница која се одржа во четвртокот, Европскиот парламент го усвои извештајот на Комисијата за Србија за 2018 година, како и извештајот на Комисијата за Македонија.

Хрватската пратеничка Маријана Петир околу двата извештаи даде клучни критики, а особено го прокоментира извештајот за Македонија.

Говорејќи за Македонија, Петир рекла дека и покрај тоа што ја сака Македонија, свесна е за слабостите кои нашата држава ги има и на истите треба да се работи од внатре.

“За поголемиот дел од нив, причините треба да се бараат на местото на нивното создавање, но уверена сум дека тие слабости не би биле денеска толку силни ако Европската Унија беше праведна кон Македонија”, рекла Петир.

Таа додава дека Македонија веќе 10 години се наоѓа во “чекалницата” за отварање преговори и покрај тоа што ги исполнила сите критериуми.

“Македонија ниту крива ниту должна стана заложник на неразумната политика на ЕУ која 10 години ја држи страната на една своја членка, уништувајќи ја така европската перспектива и иднината на Македонија. Жал ми е што овој извештај не дава објективен приказ на состојбите и не нуди самокритичен преглед на пропустите од страна на ЕУ. Сметам дека сеуште не е прекасно грешката да се исправи и Македонија да ги отпочне преговорите, а на граѓаните на Македонија да им изрази поддршка за да се надминат потешкотиите и да се спроведат потребните реформи”, заклучила Петир.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.