Еве кој е нејзиниот рецепт за долговечност
Иако има веќе 100 години Мари Луиз Вирт и понатаму помага во својот бар во соседството Изберг, во северна Франција. Тука започнала да работи кога имала само 14 години. Како што вели самата, живее како некој кој има 60 години.
“Излегувам доста, сакам да одам негде да играм. Не е проблем да си дојдам дома во 2 часот наутро и да станам во 7:30, не сум уморна – објаснува оваа витална баба.
Како што вели, јаде исклучиво многу зачинета храна, не сака млеко, а во животот не допрела јогурт. Јаде, како што вели, се што не би требало.
“Ако ми понудите мајонез и џем, без размислување ќе одберам мајонез. Холестерол немам”, додава таа.
Во местото дошла со родителите кога имала само 8 години. Од првиот ден кога започнала да работи во барот, било незамисливо барот да биде отворен, а таа да не е таму. Мари Лу, како што ја нарекуваат тие кои ја познаваат, во ноември го прославила својот 100-ти роденден. Пријателите и напишале песна “Немаме 100 години секој ден”.
Eден гостин во локалот вели дека има такви кои велат дека Мари Лу има лоша навика, но тој ја познава како секогаш насмеана, љубезна и фина госпоѓа.