Во среда, 13.06.2018 година со почеток од 10 часот, во прилепското село Канатларци ќе биде ставен камен темелник на нов црковен храм кој ќе го носи името на Св. Богородица.
Луѓето од иницијативниот одбор на овој храм ги повикуваат сите верници и добронамерници кои сакаат да присуствуваат да дојдат во Канатларци.
Инаку, прилепско Канатларци е мултиетничка средина, каде со векови заеднички опстојуваат без никакви проблеми христијаните и муслиманите.