Македонците од Егејскиот дел на Македонија, можеби и повеќе од нас ги негуваат традицијата, културата, јазикот и македонското потекло.
Во држава каде на ниту едно малцинство не му се признати правата, нашинците наоѓаат начин секогаш да се соберат, да запеат македонска песна и меѓусебно да се дружат.
“Каде сте македончиња”, “Бисер балкански”, “За многу години Македонци”, македонското оро и излив на емоции, се главните карактеристики на нивите игранки.
Со ова нашите во Егејска Македонија ни порачуваат да ја сакаме и почитуваме татковината, да се бориме за неа и да ги браниме националните интереси.
Ф/Г/