Редици на автомобили денеска може да забележат на граничниот премин Богородица за излез од Македонија кон Грција.
На ГП Богородица има задржување од 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата – информираат од АМСМ.
Инаку Грција објави дека од први јули ќе го отвори и граничниот премин Меџитлија – Ники, кој ќе работи 24 часа на ден.
Овој граничен премин на границата во Македонија беше затворен поради пандемија средината на јули 2020 година.
Туристичките работници во Грција ги истакнуваат предностите и недостатоците доколку некој реши да замине во Грција преку преминот Ники, односно Евзони.
Патот преку Евзони до крајбрежјето на Јонското море е подолг околу 40 километри, но е подобар, речиси по целата должина е автопат, така што можете да стигнете до дестинацијата за околу еден час и триесет минути побрзо доколку преминете преку Ники.
Предноста на возењето преку Ники е ново искуство и можност странските, најчесто српските туристи попатно да ги посетат Охрид и Битола.