Воведување на македонски јазик во државните училишта во Грција и признавање на македонско малцинство бара “Виножито”.
Партијата на Македонците во Грција ќе поднесе петиција со барања до Претседателот Павлопулос, Премиерот Ципрас и Собранието – потсетуваат дека Грција е членка на ЕУ и треба да се однесува како таква.
– Признавањето на македонското малцинство во Грција, воведување на македонскиот јазик во јавниот едукативен сектор во местата каде што се зборува јазикот, враќање на децата бегалци. Признание и регистрирање веднаш на македонската култура, нашата културна организација која е основана веќе 30 години. И тоа ќе го испратиме до претседателот, до премиерот, до Парламентот – не се надеваме многу, ама треба да потсетиме дека Грција е членка на Европската Унија и треба да се однесува како таква, вели Јоргос Пападакис од “Виножито”.
Tие имаaт став дека се против промената на Уставното име и се скептични околу ратификацијата на Преспанскиот договор . Виножито се и во очекување какво ќе биде однесувањето на грчките власти доколку се имплементира промената на името .
– Позитивни страни на договорот постојат, треба да ги видиме, ако се имплементира. Ставот е јасен – чекаме како и вие како ќе се однесуваат грчките власти после ратификација ако ја има, вели Пападакис.
Од партијата велат и дека Вчерашниот конгрес во Леринско, поминал со силно полициско обезбедување поради припадници на Златна зора, неофашистичката партија во Грција, кои биле во обид да го оневозможат одржувањето на Конгресот.
Eдногласно одлучилe доколку постојат политички и финансиски услови да учествуваaт и на наредните избори за европскиот Парламент во Грција.
Извор: “Инфомакс”