Maкедонското знаме и сонцето од Кутлеш осамнаа во “Метеор Кратер” во Аризона (ФОТО)

Џејсон Мико e поранешен почесен конзул на Македонија во Тусон, САД, кој сеуште неуморно работи на промоција на Македонија, македонската посебност, идентитет и историја.

Тој вчера објави фотографии со државното знаме и сонцето од Кутлеш во Метеор Кратер во Аризона.

„Ја понесов Македонија со себе во Метеор Кратер, Аризона“, напиша Американецот со унгарско потекло кој е вистински борец за македонската кауза во последните две децении.

Инаку Метеор Кратер се наоѓа во северната пустина во Аризона и е предизвикан од пад на метеор пред 50.000 години во Праисториско доба. Местото денеска е туристичка атракција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.