Дејан Георгиевски и тренерите Борче и Дарко Костовски слетаа на скопскиот аеродром, а таму ги пречекаа голем број граѓани со развиорени знамиња
Дејан освои сребрен медал на Олимпијадата во Токио, медал со златен отсјај на кој се израдува целата нација.
Ова е прв медал за Македонија на олимписките игри после 21 година и токму затоа предизвика огромна радост кај целата спортска јавност.
Георгиевски има само 22 години, па со ваква пожртвуваност сигурно ќе стигне и до злато на идната Олимпијада.
Вечерва со почеток од 19:30ч. пред Триумфалната порта на плоштадот “Maкедонија”, ќе се одржи и прослава за големиот спортски успех.
Деки ги покани сите кои сакаат да присуствуваат и заеднички да ја споделат оваа голема спортска радост.