Maкедонскиот пејач одговори на сите закани кои ги добивал деновиве и предизвика лавина од реакции

(Фејсбук статус на естрадниот пејач, Спасен Сиљаноски)

“Незнаев дека мојата снимка од 20 секунди ке се рашири побрзо и од корона вирусот, а воедно ке внесе и огромна паника и страв кај “северномакедонците”, верувајте доколку знаев ке ја повторев таа строфа уште неколку пати со надеж дека ке ви биде еден голем кошмар на сите вие кои немате капацитет да ја сватите и прифатите вистината, а можеби ке се кандидирав за пратеник заедно со Миленко и Стефан Мицов. Па еве одлучив да ве просветлам со еден краток одговор на сите вас неуки кои пишувате коментари пораки и закани кај мене во inbox.

Jaс Спасен Сиљаноски иако сум музички интерпретатор (со завршено високо образование за разлика од многу вас критичари со четврто одделение) сепак таа моја професија не ме лиши од слобода на говор слобода на мислење слобода на изразување и слобода на политичка определба бидеќи како и сите вас и јас сум граѓанин на Р.Македонија, и како таков моја граѓанска, етичка и пред се морална одговорност е и јас да придонесам во заштитата на мојата Мајка Македонија, (исто како да ти речам ти си хирург или земјоделец не се мешај во политика), а во конкретниов случај да ве заштитам вас од самите себеси кои упорно одите кон работ на бездната заслепени од непостоечка и лажна идеологија или можеби заслепени од омраза кон опонентот, некое тендерче или плата од 9 000 ден.

Е драги мои Спасен Сиљаноски за среќа не е сеуште слеп, ниту бил ниту ќе биде, но за вие да го видите она што јас го гледам треба да имате искуство од Менхетен па до Опера хаус, или од Толстој па до Достоевски…..не верувам.

Спасен Сиљаноски е припадник на нешто многу повеќе и поголемо од политичка партија, нешто многу свето, нешто кое што многу боли ако го изгубиш или ако ти го повредат, нешто за кое што треба огромна храброст да го споменеш, нешто старо колку Исус и Библијата…..тоа нешто се вика МАКЕДОНИЈА, да ви повторам МАКЕДОНИЈА !!!!!!! Ја познавате ли? сте учеле ли за неа? Ви збореле ли вашите родители за неа???? сигурен сум дека НЕ. епа драги и недраги мои, јас ја познавам лично таа Македонија, знам и колку вреди бидеќи слободата на таа МАКЕДОНИЈА која вие ја распродавате е платена со крв на дедоми 43 год, прадедоми 1914 и прапрадедоми 1903.

Секоја генерација од фамилија Сиљаноски давала данок во крв за таа МАКЕДОНИЈА за вие ебиветровци да ја продавате за едно е… работно место од 9000 ден.

Јас сум последен и најмал од лозата Сиљаноски така да саможртвата за Македонија мене ми е во генот, Македонија се брани со некролог во џеб како што би рекол Стефан Влахов Мицов.

-Јас не признавам никаква друга (придавка) освен и само МАКЕДОНИЈА

-Јас не признавам Тиранска платформа

-Јас не признавам преспански договор

-Јас не признавам бугарски договор

-Јас не прифаќам мигранти односно терористи од блискиот исток да имаат исти права со мене во држава сочувана со крвта на мојата лоза

-Јас не признавам за човек, човек кој се колне во својата фамилија, својата жица и ја трампа својата ќерка за остров….

-Јас не признавам кацарска судство, и луи витон торби

-Јас не прифаќам федерализација на МК

-Не признавам рекетари, и марихуана тендераши

Јас признавам достоинствена Македонија во која живеат луѓе со изградена национална свест, и на кој националниот интерес им е пред личниот (за тоа треба да земете пример од Албанците, тие знат како се сака нивната татковина)

Во моите 35 години немам ниту еден ден работен стаж, женет со две деца, без никакви државни примања од ниту една власт (за разлика од вас ДЕЦА НА КОМУНИЗМОТ – Миломир Марич) кои цел живот цицате од државна дојка…..и повторно со некролог во џеб за Македонија би го направиле вие тоа?????

Точно е, моментално сум во AU, благодарение на мојот музички потенцијал не на партија, дојден за да заработам за моето семејство, а не да ја продавам Државата за едно работно место како голем дел од вас неспособњаци….
Ааааа за песната????? не се секирајте, повторно ќе ја пејам, ќе пејам за секој ПРЕДАВНИК на својот народ како што се пее за предавниците во стотици песни низ историјата на МК !!! Мила Македонијо од нив страдаш ти, од своите изроди македонски !!!!

ЗА КРАЈ ….За оние фејсбук заканувачи….Спасен Сиљаноски сеуште шета со некролог во џеб, затоа ја прифаќам вашата пцовка или закана само лично лице во лице со мене.

п.с. Пуста да ти биде заев судбината, ти што сакаш да ни ја земеш татковина, и на нашите деца иднината




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.