Албанскиот државјанин Изет Шулку и неговото друштво викендов од врвот Голем Кораб го симнаа македонското знаме и го закачија албанското.
Maкедонски планинари веќе наредниот ден се искачија на врвот и го вратија македонското знаме.
Инаку знамето на Голем Кораб го поставија ученици од ООУ “Кире Гаврилоски” од Прилеп заедно со нивниот професор, како дел од активностите на нивната географска секција. Дечките нашето државно знаме го поставија веднаш до албанското, без да го симнуваат државниот симбол на нашиот западен сосед.
Министерството за внатрешни работи (МВР) утврдило дека се работи за лице кое не е македонски државјанин и соопшти дека ќе информира за преземените дополнителни мерки за расчистување на овој случај.