Компјутерската компанија Introcode Technologies од Германија на Македонецот Роберт Милески учествува во глобалните напори да се најде вакцина против коронавирусот.
Милески и неговиот тим го направиле главниот дел од машината која го изолира сврзувачкиот протеин на вирусот кој го внесе светот во паника.
Целиот статус на Милески, кој е горд што тој и неговиот тим учествуваат во глобалната битка со опасниот вирус:
Научниците веќе успеале да го декодираат вирусот Covid-19, познат како Корона. Веќе се работи со полна пареа на изработка на вакцина. Меѓу многуте лаборатории низ светот, први успех имаат истражувачите на фирмата Грефекс од Хјустон и тврдат дека веќе имаат вакцина, која мора да помине низ повеќе фази на проверка. Меѓу другите се истражува и во Канада, Германија, Кина, Јапонија, каде што исто така јавуваат за успешен процес.
Научниците успеале да го изолираат врзувачкиот протеин. Цел овој процес се работи на машина чиј главен дел го развивме токму ние, преку мојата компанија Introcode Technologies. Се работи за ДНК – РНК сиквенцер, со дополнителен бројач на клетки, како и целосна спектрална анализа, со чија помош се декодира структурата на вирусот. Ние сме единствените во светот што успеавме да квантифицираме ДНК код за помалку од 5 секунди. Светски рекорд кој сѐ уште никој не го соборил!
Така да мои Македонци, бидете горди на македонските инженери! Ова е само да ви кажам дека и ние имаме удел во развојот на идната вакцина, а јас сум посебно горд на сите!
Ви посакувам да останете здрави и помалце политика, оти таа очигледно нé отру и понатаму нѐ труе многу повеќе од самиот вирус.
Повеќе информации околу темава на следниве линкови:
За истражувањата: https://focus.de/11717745 (линкот преведете го преку Google translate).
За машината: https://www.facebook.com/495865847094480/posts/1006713846009675/
Погледнете го видеото: https://www.facebook.com/introcode/videos/1111971568817235/
Линк до нашата веб страна: https://www.introcode.com