Maкедонска работа! За изгубен лаптоп објавен на Фејсбук се пријавиле 12 “сопственици”

Фeјсбук приказната на Никола Нешкоски, кој вчера објави на неговиот ФБ профил дека нашол лаптоп пред ,,Олимпико“ во Скопје, доби среќен крај, но ја покажа бизарната страна на луѓето.

По неговата објава дека бел лаптоп паднал од покривот на автомобилот откако неговиот сопственик во брзање заминал од пред ,,Олимпико“, како сопственици му се јавиле дури 12 луѓе.

Но, Нешкоски не ,,наседнал“ на нивните убедувања дека лаптопот е токму нивен. Еве што напиша тој на својот ФБ профил, откако го пронајде вистинскиот сопственик и објави заедничка фотографија:

,,Само да ви кажам дека е најден сопственикот на компјутерот. И да ве поздравам сите вас “сопственици” кои се пријавивте дека е ваш…. Ама морам да признаам дека бевте креативни во смислувањето на приказните….се беше добро до моментот кога ви побарав документи за компјутерот, или ви спомнав дека на превземање ќе мора да направиме заедничка слика…. Тогаш ве снема.

П.С: преку порака на фб се пријавија 7 сопственици, а на телефон 5…“-напиша чесниот пронаоѓач, кој патем откри на што сѐ се подготвени измамниците.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.