Катерина Ацевска покажа надмоќ и храброст против најсилните противнички и на величенствен начин триумфираше на „Балкан опен Светскиот куп во џиу џицу“ во Букуреш – Романија, што е еден од поголемите успеси на македонските натпреварувачи – oбјави “Ипон.мк”.
Ацевска во категоријата до над 63 килограми во јуниорска конкуренција во борби убедливо ги совлада противничките од Укрина и Русија, а во финалето ја совлада Гркинката Софија Квалаки со 16-5.
Ретко кој наш спортист вака убедливо триумфирал над велесилите како што се Украина и Русија.
Сите резултати на нашите борци погледнете ги ТУКА