Maкедонија ја “намачка” Грција во Струмица и заврши на првото место

Maкедонија ја оправда фаворитската улога и ја совлада Грција со 27:23 (13:11 на полувремето). Со оваа победа нашите најдобри ракометари се пласираа на првото место во третата група од Квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

На овие квалификации Македонија забележа 4 победи, еден нерешен резултат и еден пораз.

Победивме со Исланд на гости, а на домашен терен одигравме нерешено. Два пати ја поразивме Турција и еднаш Грција.

И на овој натпревар против Грција, кој се одигра пред 1.500 публика во Струмица, наместо пред 6.500 во “Борис Трајковски” во Скопје, повторно видовме осцилации во нашата игра.

Македонија лошо го започна натпреварот, па речиси до 20-та минута од првиот дел, Грција имаше водство на семафорот.

Но, потоа на голот стапи Никола Митревски, чии одбрани ни донесоа израмнување на резултатот, а потоа и водство на полувремето.

Во вториот дел Митревски одново беше брилијантен, а се подобри и нашиот напад, па Македонија без поголеми проблеми постојано го контролираше резултатот и водството.

Во нашиот состав одново одличен беше капитенот Лазаров кој постигна голови, супериорен беше и Пешевски кој постигна 5 голови, а Гоце Ѓорѓиевски беше вистински кошмар за Грците со неговите брзи контри и влезови од крило.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.