Maкедонија освои медал на Олимпијада после 21 година: Дејан се враќа со cpебро од Токио

22-годишниот таеквондист Дејан Георгиевски се враќа со сребрен медал од Олимпијадата во Токио.

Ова е прв медал за Македонија после 21 година на олимписките игри.

Во финалето нашиот најдобар такевондист се соочи со Русионот Владислав Ларин, кој беше подобар од Георгиевски со конечен резултат 15-9.

Деки пружи одличен отпор на фантастичниот Русин и беше неизвесно до самиот крај, но последните 2 минути му припаднаа на Ларин и беа клучни за олимпиското злато во категоријата над 80кг.

Сепак, Дејан е македонски херој и вреди да се радуваме на ваков успех.

Не е ова некој си турнир, ова се олимписки игри!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.