На Европското сениорско првенство во Таекводно, кое се одржуваше во Софија од 7-9 декември, Дејан Георгиевски го освои првото злато на вакво натпреварување во историјата на овој спорт во Македонија.
Овој огромен успех за македонското Таекводно, го направи Дејан Европски сениорски шампион во Олимписки спорт.
Нашиот Дејан до финалето стигна преку противници од Италија, Турција, Германија, Украина, а во финалето за противник имаше натпреварувач од Русија.
Успехот на социјалните мрежи го сподели неговиот тренер Дарко Костоски, а пофалби пристигнуваат од сите страни.