Како што дознава српски “Спутник” неофицијално војската на Србија, за сега преговара со израелски компании чии летала на пазарот моментално најдобро котираат.
Говорејќи за модернизација, опремување и наоружување на војската, претседателот на Србија Александар Вучиќ, после вежбата во Никици минатиот викенд, изјави дека Србија преговара со одредени земји за набавка на наоружани беспилотни летала.
Очигледно е проценето дека на Србија и е неопходен и наоружан дрон, затоа што се споменуваат “Пегаз” и “Врабец”, летала развиени на Военотехничкиот институт, наменети за извидништво и посматрање на далечини до 100, односно 12 километри. Воениот аналитичар Александар Радиќ смета дека ова е добра одлука, затоа што вооружените дронови се навистина корисни средства.
Тој за “Спутник” кажува дека во регионот единствена земја која располага со беспилотни летала е Македонија, односно македонската полиција. Радиќ вели дека иако таа информација никогаш службено не е објавена, се работи за дрон од израелско производство наречен “Хермес 450”.