Македонската фудбалска репрезентација го доби противникот за баражот за Светското првенство во Катар.
На жрепката која предмалку се одржа во Цирих, Македонија за противник ја доби репрезентацијата на Италија.
Доколку победиме со Италијанците, во финалето ќе играме со победникот меѓу Португалија и Полска.
На ждрепката екипите се делат во три групи со по четири репрезентации. Две се од носителите, уште две од неносителите. Ќе се играат две полуфиналиња, во кои домаќини ќе бидат носителите. Победниците патуваат во финалето и ќе се борат за „виза“ во Катар.
Вкупно три селекции ќе одат на СП 2022, може ли Македонија да биде една од нив?
Натпреварите се играат во март идната година.