Македонија со 2:1 го доби првиот дуел од групата Ц во Лигата на нации. На националната арена “Тоше Проески” во Скопје гостуваше Ерменија, а натпреварот беше решен со три удари од белата точка.
Двата пенали за Македонија во првото полувреме ги изнуди Елиф Елмас. Најпрво во 5-та минута реализираше Алиоски, во 38-та и Несторовски.
На самиот крај во судиското продолжение пенал имаше и за Ерменија, кој сигурно го реализираше поранешниот играч на Вардар, Тиган Берсегјан.
Во оваа група Македонија ќе се сретне уште со Естонија и Грузија, а следниот натпревар е во вторник во Тбилиси против Грузијците.