Maкедонец од Торонто со ОГРОМЕН ГЕСТ: Плаќа две лица да навиваат за Македонија во Вараждин, но има еден услов

Успесите на нашите репрезентативци во досегашниот тек на Европското првенство во Хрватска не ги освоија симпатиите само на домашната публика, туку и на нашинците од дијаспората.

Тони Темелковски кој живее во Торонто Канада преку својот Фејсбук профил напиша статус преку кој вели дека ќе донира финансиски средства за две лица да отидат и да ја бодрат нашата репрезентација во следната фаза во Вараждин.

Тој вели дека би ги покрил трошоците за влезници, ноќевање и патни трошоци за две лица, а целта како што пишува не му е за фалење, ниту за привлекување внимание, чисто поради поттик дијаспората и сите кој ги следат ракометарите од пред малите екрани, а не се во можност да бидат таму, да донираат како него за поддршка на нашата силна репрезентација.

Неговиот услов е едноставен, бара да добие фотографии и видеа од атмосферата во салата во Вараждин, бидејќи самиот не е во можност да присуствува.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.