Познатиот македонски музичар Горан Бојчевски направи кавер верзија од главната тема на легендарната ТВ серија “Игра на тронови”.
Горан музиката ја свири на кавал, а видеото е снимано на Стариот замок во словенскиот град Цеље.
Изведбата на музиката, но и целото видео се едно вистинско ремек дело, какво ретко кога се изработува кога се во прашање ваквите преработки.
Бојчевски е кларинетист и композитор, а роден е во Битола. Неговото име стои зад голем број музички дела.
Во продолжение уживајте во “Игра на тронови”: