Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднела кривична пријава против 52-годишниот Д.Б. од село Ново Лагово, Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “разбојништво“ и “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, пишува порталот Прес24
Имено, пријавениот влегол во аптека и со закана со нож побарал од вработениот да му даде седативи, но вработениот повикал полиција. По пристигнувањето на полициските службеници, пријавениот им упатил закани и давал отпор, замавнувајќи со нож кон полициските службеници.