Mapкетите и дуќаните кои нема да воведат peд внатpe и надвop ги очекувaaт казни од 2.000 евpa

Маркетите, пекарите, дуќаните ќе мора да воспостават ред и внатре и надвор во објектите, за да го спречат ширењето на вирусот – во спротивно ќе плаќаат казни до 2.000 евра.

Во новото законско решение, кое е во собраниска процедура, наведено е дека секоја продавница ќе мора да обезбеди редарска служба која ќе го контролира минималното растојание од 2 метри пред и внатре во објектот. Дезинфекцијата на раце при влезот ќе биде задолжителна, правецот на движење ќе мора да биде означено, како и минималното растојание од 2 метри. Пред секоја каса за наплата, но и пред објектот задолжителната дистанца мора да биде означена. Вработените ќе мора да носат маски и ракавици цело работно време. Во објектите ќе може да пазари најмногу по едно лице на 10 метри квадратни.

Во моментов, според граѓаните, мерките за заштита генерално се почитуваат, но има и такви објекти каде гужвите се секојдневие.

Микро и малите фирми кои нема да го почитуваат законот, ќе плаќаат од 500 до 1.000 евра казна, додека средните и големи трговци од 1.000 до 2.000 евра. Глоба од 50 евра е предвидено и за вработеното лице кои нема да гo почитува законот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.