Македонската дијаспора вчера и денеска маршираше низ европските и светски метрополи под едно мотот “НИЕ СМЕ МАКЕДОНИЈА”.
Протестите за зачувување на Уставното име беа бројни во сите градови, а ништо поразлично не беше и во Франкфурт, каде стотици Македонци ги обоија улиците во црвено-жолта боја.
“Македонско девојче” ечеше од патриотските грла на нашинците во Германија.