MAKEДОНИЈА ИМА ЕВРОПСКИ ШАМПИОН! Емил Павлов втор пат на врвот од европското карате!

Македонецот Емил Павлов стигна до вториот златен медал на Европските првенства во карате, совладувајќи го денеска во финалето во Нови Сад, Италијанецот Анџело Кершченцо со резултат 3:1.

Павлов до овој подвиг стигна преку 4 борби кои претходеа на големото финале. Нашиот шампион ги порази Доминик Имрич од Словачка, Јасин ел Атар од Холандија, Ненад Дуловиќ од Црна Гора и Калвинс Калинс од Летонија.

Успехот на штипјанецот е вкупно трет на Европските првенства, а вторпат го освојува златниот медал.

Македонија има нова спортска гордост и нова причина за прослава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.