MAKEДОНИЈА КОНЕЧНО СТАНА ЕВРОПСКИ ШАМПИОН! (ВИДЕО)

Во извештајот на European Environment Agency загадувањето на воздухот е наречено тивок убиец и се порачува дека е време за црвена тревога.

Дури половина милион случаи на прерана смрт можат да му се препишат на токсичниот воздух кој секојдневно го дишеме.

Според истражувањето на оваа организација, ваквиот воздух е причина за случаи на прерана смрт во 41 европска земја, и тоа од: срцеви заболувања, рак на бели дробови, астма….

Според извештајот најзагадени земји се Бугарија, Полска, Словачка, а Македонија се наоѓа на непопуларното прво место.

Веста ја пренесе и Euronews, погледнете го видеото во продолжение:

Реагираа и од невладината организација “О2 Коалиција за чист воздух”, од каде напишаа:

“Worst air quality in Europe = Macedonia. Ние си знаеме, си дишеме, сега и Европа нè научи. Без меѓународен пристиок ништо не правиме, па да се надеваме дека ова ќе помогне да ја притиснат нашата Влада сериозно да му пристапи на решавањето на проблемот, со рокови и мерки. Со децении се влечеме и секоја година истото го слушаме “проблемот е комплексен, не може преку ноќ да се реши”. До сега најкомплексен да беше, ќе се решеше ако се работеше на случјот. Ама кај нас еден извештај до каде е имплементацијата на мерките, заклучоците од пред една година донесени на Владина седница не може да се добие, одговори на наши прашања поставени пред повеќе од два месеци не се добиваат, не па да се реши загадувањево. Вака, ќе си го слушаме рефренот со кој генерации пораснаа, дека проблемот е комплексен и не може преку ноќ да се реши. А од надвор ќе се чудат како една толку мала земја, која нема ни 2 милиони жители не може да преземе мерки и го реши проблемов”.

Koнечно Македонија е прва во нешто, но за жал во најзагаден воздух….




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.