MAKEДОНИЈА ПРОДОЛЖУВА ДА НИЖЕ ПОЗИТИВНИ РЕЗУЛТАТИ: Норвежаните убаво нагостени во Скопје

Со погодоците на Горан Пандев во 43-тата и Кире Маркоски во 90-тата минута, Македонија ја совлада Норвешка во пријателски дуел и забележа нов одличен резултат, за нов скок на ФИФА листата.

Во натпревар во кој Македонија постојано доминираше во играта и често се закануваше кон противничката мрежа на Норвежаните.

Иако во почетните речиси 30 минути, Норвешка имаше поголем посед и доминираше со комбинации на теренот, црвено-жолтите беа тие кои опасно се закануваа, па неколкуте контра напади конечно во 43-тата минута, при одличното додавање на Алиоски, Горан Пандев ја пронајде мрежата на голманот на Норвешка Грутебуст.

Во вториот дел Македонија повторно играше одлично, а таквата игра ја заврши со погодокот на Кире Маркоски, при грешка на противничкиот голман, пред крајот на мечот.

Сега низата без пораз на Македонија се искачи на 5 дуели по ред, па на квалификациските победи против Израел на гости и Лихтенштајн дома, како и нерешените дуели против Италија и Албанија, се надополни и овој триумф над Норвешка.

Сето тоа говори дека Македонија има една нова репрезентација која во иднина може да го изненади секој противник, но и да направи многу поголеми успеси од овие.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.