Majката е секогаш мајка, дури и кога ти ќе станеш мајка

Стои во дворот пред куќата и ми мавта. Понекогаш ми испраќа и бакнеж.

И понатаму ми готви кога ќе дојдам да ја посетам. Сите мои омилени оброци ги прави токму таа. Едноставно има нешто во нејзиниот начин на готвење.

И понатаму ми купува намирници и нешта кои ќе ги види во продавницата, а за кои ќе помисли дека би можеле да ми се допаднат. Обично е во право!

И понатаму ми допушта да и се јавам кога ми е досадно и само ми треба некој за разговор.

И понатаму ме гушка и со прегратка ги руши сите ѕидови во мене.

И понатаму се грижи за мене како што се грижеше кога бев мала.

Понекогаш кога ќе се растажам за тоа колку брзо растат моите деца, помислувам на мојата мајка и на тоа колку ја сакам и колку ми значи.

И веднаш потоа се сеќавам дека срцето на една мајка не се менува затоа што децата и пораснале во возрасни луѓе. Никој никогаш не може да го заземе тоа место во срцето кое и припаѓа на мајката, без разлика дали сте возрасни или не.

Иако пораснав, мојата мајка и понатаму ги прави сите оние мајчински работи кои одсекогаш ги правела, сега и за мене и за моето бебе.

И понатаму стои пред куќата, без разлика дали надвор грее жешко сонце или врне дожд и ми мавта кога си заминуваме.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.