Во дербито на третото коло во германската Бундес лига, шампионот Баерн Минхен освои нови три бода во дуелот со Баер Леверкузен.
Гостите од Леверкузен изненадувачки дојдоа до водство во 5-та минута од средбата со погодокот на Вендел од пенал.
Само 5 минути подоцна Корентин Толисо изедначи, а “баварците” веќе во 19-та минута целосно го завртија во своја корист натпреварот со прекрасниот погодок на Ариен Робен.
Стариот мајстор уште еднаш докажа дека има уште многу што да понуди на теренот, а оваа бомба е повеќе од доказ за тоа.
Баерн стигна и до трет погодок во 89-та минута, кога Хамес Родригез ги постави конечните 3:1.