Majка и ќерка од Прилеп со својот настап предизвикаа бура емоции кај жирито и публиката на “Никогаш не е доцна” (Видео)

Емисијата од вториот круг на музичкото шоу “Никогаш не е доцна”, која се емитуваше изминатиот викенд, ја отвори прилепчанката Милена Јованоска од Прилеп.

Милена уште еднаш одново се претстави и целосно го заслужи пласманот во следниот круг. Таа се претстави прво со песната “Додири од стакла” од Нина Бадриќ, со која успеа да го разнежни и воодушеви жирито.

“Се гледа дека секој стих од песната е преживеан, тоа се почувствува во твоето пеење”, прокоментира Весна Дедиќ, а слично мислење имаше и Ацо Пејовиќ.

“Пееше песна од жената која премногу ја почитуван. Секоја чест, многу добро го изведе сето тоа. Се почувствува емоција во твоето пеење”, рече Пејовиќ, а со него се сложи и претседателот на жирито Саша Милошевиќ-Маре.

Во ревијалниот дел Милена заедно со својата мајка Горица ја испеа народната песна “Море сокол пие”, а нивниот настап беше посебно емотивен.

Пред да запеат заедно, Горица рече дека на својата ќерка и е голема поддршка, како во животот, така и во натпреварувањето, на што Милена одговори дека благодарејќи на својата мајка денеска е таква каква што е и и’ порача дека ја сака.

Кога им се вкрстија гласовите, беше јасно за каква љубов и поддршка се работи. Публиката во студиото и жирито ги поздравија со аплауз и им честитаа за преубавиот настап.

Милена има 45 години и доаѓа од Прилеп. Со музика се занимава од својата 14 година, а нејзината мајка одсекогаш сакала таа да стане оперска пејачка. На 16 години го имала својот прв телевизиски настап.

Погледнете го нејзиниот последен настап кој и овозможи пласман во следниот круг:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.