На Тајван е сè популарен третманот „dao liao“ – бизарна масажа со сатари која ја враќа енергијата и балансот во телото.
Иако изгледа опасно, за оваа терапија се смета дека е стара повеќе од 2.000 години.
Научниците сметаат дека овој третман го изведувале монасите во древна Кина. Третманот се проширил во Јапонија, па потоа и на Тајван, пишува BBC.
Луѓето го бараат овој третман со сатари за да ги олеснат тегобите во телото и да го подобрат квалитетот на сон.