Општина Прилеп објави оглас за вработување на четири пожapникapи и командир во Територијалната противпожapна единица.
И сето тоа е во ред, затоа што вработувањето, зголемувањето на платите и инвестирањето во пpoтивпожapната единица се секогаш добредојдени, но зошто огласите се пуштаат со траење од само 3 дена, и тоа преку викенд?
Огласите се објавени на 19.11. (четврток), а траат само до 21.11.2020 (сабота).
Основната плата за командир изнесува 18,815 денари, а за пожарникap 17,020 денари, што исто така изгледа бедно.
Луѓето кои се на прва борбена линија кога има силни огнени стихии како оние на Плетвар минатата година, или кај манастирот Трескавец пред 3 години, добиваат плата од околу 300 евра….