Maрјан Ристески избран за претседател на републичката комисија за локална самоуправа во ВМРО-ДПМНЕ

На синоќешната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ беа избрани комисии и нивни претседатели – истакна на денешната прес конференција Генералниот секретар на партијата Игор Јанушев.

Формирани се 25 комисии на ВМРО-ДПМНЕ во повеќе области на кои што примарна цел ќе биде да бидат коректор на власта и да даваат предлози истовремено и критики во однос на работењето и во однос на како треба да се подобри животниот стандард на граѓаните.

При тоа формирани се следните комисии:

• Комисија за енергетика каде претседател е професор Горан Чогеља.

• Комисија за спорт каде Претседател е пратеникот Трајче Димков.

• Комисија за животна средина и просторно планирање која ќе ја предводи професор др. Соња Лепиткова.

• Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство која ќе ја води др. Миле Јакимовски.

• Комисија за труд и социјална политика каде Претседателка е Слободанка Алексовска.

• Комисијата за финансии и монетарни прашања која ќе ја предводи екс министерот Кирил Миноски.

• Комисијата за економија и инвестиции предвидено е претседател да е Христијан Делев.

• Комисијата за туризам која ќе ја предводи Перо Петковски.

• Комисија за локална самоуправа која ќе ја предводи еден од најуспешните градоначалници, градоначалникот на Прилеп, господинот Марјан Ристески.

• Комисијата за верски и етнички прашања која ќе ја предводи Антонио Петков.

• Комисијата за семејни прашања и демографија каде Претседател е пратеникот Владимир Ѓорчев.

• Комисијата за политички систем ќе ја предводи професор др. Тања Каракамишева Јовановска.

• Комисијата за администрација ќе биде предводена од пратеничката Невенка Стаменковска.

• Комисијата за транспорт, градежништво и урбанизам ќе биде предводена од Синиша Ивановски.

• Комисијата за здравство – ќе ја предводи др. Виктор Камилоски.

• Комисијата за култура – која ќе ја предводи актерот Роберт Вељановски

• За претседател на Антикорупциска комисија – поставен е Тони Мекиноски.

Исто така формирани се и комисиите за одбрана, правни работи, образование и наука и комисијата за европски и евроатлантски интеграции чии што претседатели ќе бидат избрани веројатно на некоја од наредните седници од Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи во моментов се уште се вршат анализи во однос на тоа кој да биде поставен на за претседател на соодветните комисии.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.