Најпознатите италијански медиуми пишуваат дека работата е при крај.
Како што стојат работите, Јувентус ќе го ангажира Меди Бенатија.
Според тоа што го пишуваат италијанските медиуми, кои се добро известени за целата работа околу овој трансфер, се би требало да се заврши до крајот на оваа недела, дури можеби пред викендот.
Бенатија не е задоволен со статусот кој го има во Баерн, каде сигурно е дека нема да има место за него во стартната постава со доаѓањето на Хумелс. Поради тоа побара да си замине.
Јувентус понудил 16 милиони евра, па по се изгледа дека од Баерн ја прифатиле таа сума.
За Менди Бенатија, Барен пред две години плати 26 милиони евра.
А.Г.