Иако изминатиот период се поврзуваше со потпис за Лече, Каљари, Вотфорд, како и со потпис за некој од клубовите од Обединетите Арапски Емирати, Илија Несторовски сепак останува во Удинезе.
Како што ексклузивно дознаваме, популарниот “Нестор гол” ќе потпише договор на уште една година, со можност за продолжување на уште две години.
Несторовски беше слободен играч по завршувањето на сезоната, а според дел од италијанските медиуми најмногу во своите редови го посакуваше тимот од Сардинија, Каљари, кој сезонава испадна од Сериа А.
Сепак, Несторовски ќе продолжи да игра во најелитното фудбалско друштво во Италија и ќе остане во тимот од Удине.