Осуммина велосипедисти од Прилеп направија вистински храбар потег искачувајќи го планинскиот врв Кајмакчалан со велосипеди.
Дел од екипата беше и Мартина Николовска од Битола, девојка која ги заслужува сите пофалби за храброста и издржливоста.
Сите се дел од Здружението на граѓани “Maркови точакџии” и во периодот во кој постојат имаат спроведено долги и тешки експедиции.
Дел од оваа екипа на Кајмакчалан со велосипеди се искачија и минатата година, но сите до еден заслужуваат еден куп пофалби за посветеноста кон спортот и мисијата за ширење на велосипедската култура која ја носат со себе.
Кајмакчалан е еден од најтешките врвови за искачување во Македонија, а екипата на “Маркови точакџии” стигнале до највисоката точка за 7 часа.
На врвот приредиле и едно прекрасно изненадување за нивниот член Филип Илиоски, на кого на уникатен начин му го честитале неговиот роденден.