MAРАДОНА НЕДОЛИЧНО ЈА ПРОСЛАВИ ПОБЕДАТА НАД НИГЕРИЈА (ФОТО)


Аргентина успеаа низ иглени уши да се пласира во осминафиналето на Светското првенство во Русија.

Во натпревар во кој Аргентинците не покажаа многу фудбал, сепак, успеаа на крајот да ја совладаат Нигерија со 2:1 и да се изборат за дуел со Франција во втората фаза од Мундијалот.

Меси донесе водство за “гаучосите”, а израмни Мозес од пенал за Нигерија.

Аргентина во второто полувреме немаше упатено удар во рамките на голот се до 86-та минута, кога при асистенција на Меркадо, со удар на прва Рохо донесе победнички резултат што се покажа како конечен.

Во прилог на Аргентинците им појде и резултатот од дуелот помеѓу Исланд и Хрватска, каде Хрватите со втор состав дојдоа до максимални 9 бода во групната фаза.

Голот на Рохо го прослави и легендата на фудбалот, Марадона со покажување два средни прста кон долниот дел од трибините.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.