Српскиот репрезентативец пристигнува на Олд Трафорд.
23-годишниот играч од средината на теренот на Лацио, Србинот Сергеј Милинковиќ Савиќ е првото мега засилување за “црвените ѓаволи” за новата сезона – пишува “Тhe Sun”
Сергеј ќе биде второто најскапо засилување за Јунајтед, после трансферот на Пол Погба од Јувентус за 89 милиони фунти и ќе ги чини црвените од Манчестер високи 80 милиони фунти.
Потрагата по класа играч од средината на теренот беше приоритет за тренерот на Јунајтед Жозе Мурињо, откако Мајкл Керик го најави своето пензионирање, а Фелаини не се согласи на нов договор.
Огромен придонес за доаѓањето на Милинковиќ Савиќ на Олд Трафорд има и неговиот менаџер Матеја Кежман, кој во минатото беше едно од првите надворешни засилувања за Мурињо кога тој го предводеше Челзи.