Maнифестација која прерасна во бренд на Прилеп: По 17-ти пат се одржа “Поетско Маркукуле” (ФОТО)

Во саботата, на 10. август, на летната сцена во Центарот за култура “Марко Цепенков”, се одржа 17-тата по ред поетска манифестација “Поетско Маркукуле”.

И оваа година манифестацијата предизвика огромен интерес кај поетите од Македонија и од странство. Оваа година беше промовиран и зборникот Поетско Маркукуле 2024, во кој со поезија се застапени околу 220 поети од десетина различни земји.

Настанот го проследија 160 присутни, од кои 25 гости од странство Така, така што Прилеп повторно беше центар за славење на поезијата и убавиот пишан збор, место кое ги сплоти поетите од десетина земји и од сите градови во Македонија, и повторно докажа дека оваа традиционална меѓународна поетска манифестација прерасна во препознатлив поетски бренд.

Покровители на проектот ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ 2024 се општина Прилеп и градоначалникот д-р Борче Јовчески, како и Министерството за култура на Република Македонија.

Клубот на литературни творци Прилеп, како организатор на овој настан, јавно им се заблагодарува на општествено одговорните институции и компании кои ја потпомогнаа реализацијата на овој настан: Прилепска пиварница, ПИ Витаминка-Прилеп, ДОО Магрони – Скопје и НУЦК “Марко Цепенков” – Прилеп!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.